Битиќи: Економските политики и поддршката на Владата ги стимулираат компаниите за нови инвестиции за технолошки развој и нивно зголемување на конкурентноста

 
 
Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ја посети компанијата „Лутман Беклунд“.
„Лутман Беклунд“ е компанија чие работење е силен доказ дека владините економски политики кои се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите создаваат доверба кај компаниите и ги стимулираат во влегување во нови инвестициски циклуси насочени кон технолошки развој, внесување на иновативни и дигитални компоненти во производствени процеси, што финализира во поголема продуктивност и конкурентност на домашните и меѓународните пазари.
„Лутман Беклунд“ е прехранбена компанија кој е специјализирана во производство на чоколадни и кондиторски производи, чоколадни барови, колачиња и други производи кои се дел од здрава храна. Компанијата позади себе има успешно затворено еден тригодишен инвестициски циклус во модернизација на производствениот процес од над неколку милиони евра, во кој од страна на Владата беше поддржана согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, во делот на капиталните инвестиции и зголемувањето на конкурентноста“, изјави Битиќи.
Во 2021 година компанијата влезе во нов петгодишен инвестициски циклус од над 6 милиони евра, фокусиран во делот на унапредување и усовршување на производствениот процес, како и зајакнување на нејзината конкурентност преку воведување на нови производи. Во овој дел, проширен е опсегот на поддршка на компанијата согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, односно во делот на нови работни места, капитални инвестиции, зголемување на конкурентноста и во делот на инвестиции и развој.
„Лутман Беклунд“ е шведска странска инвестиција, започна со скромна инвестиција но сега веќе засилено и стабилно го шири своето производство во нашата земја.
„Од особено значење за нашето ширење беше поддршката што ја добиваме преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции“, истакна Иван Атанасовски,  генералниот директор на „Лутман Беклунд“.
22.04.2023 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега