Асфалтиран новиот кружен тек на влезот на Општина Илинден

 

Во општина Илинден интензивно се работи на изградбата на новиот кружен тек на влезот во Општината, каде во текот на вчерашниот ден се изврши комплетно асфалтирање во два слоја. Овој кружен тек е на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8” ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден, информираат од општината во допис до медиумите.

„Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на терен и истакна дека градежните работи се одвиваат со брза динамика и наскоро граѓаните на Илинден ќе добијат комплетно уреден кружен тек кој ќе придонесе поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој фрекфентен дел од општината.

Во рамки на проектот се планира партерно и хортикултурно уредување како и јавно осветлување на просторот каде ќе се наоѓа новиот кружен тек.

Дополнително улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај“, велат од општината во соопштение испратено до медиумите.

20.04.2023 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега