ВМРО-ДПМНЕ: Цар Душан го рушеа вандали - институциите да реагираат

 

ВМРО-ДПМНЕ смета дека чинот на оштетување на споменикот, поставен на Мостот на цивилизациите, е вандализам и смета дека сите што учествувале во овој вандалски чин треба да сносат своја одговорност. Институциите треба да постапат согласно законот што го дефинира ова прашање.

Наметнувањето на дебата околу процедурата на поставувањето не смее да биде алиби и оправдување за било какво насилство или вандализам и да затскрие нечие неодговорно и нецивилизирано однесување на Мостот на цивилизациите.

Споредбата со други случаи низ светот е дегутантна, а на таквото тврдење сигурни сме дека не веруваат ниту тие што го кажуваат.

Во Република Македонија живеат повеќе етнички заедници и ние сите сме должни да ги почитуваме културните и националните одбележја на останатите заедници, затоа што постапување со вандализам кон едни ќе повлече вандализам и кон други.

 

ВМРО-ДПМНЕ ја разбира целта на поставувањето на споменици на личности од различни цивилизации и периоди (антички, словенски, византиски, римски, христијански, албански, српски и други), личности кои потекнуваат од различни културолошки и етнички идентитети, токму заради тоа што во Археолошкиот музеј се наоѓаат артефакти, кои овие личности ги оставиле зад себе на територијата на Македонија.

10.12.2013 - 14:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега