Целосен хаос во Судан: Продолжуваат немирите, од страв луѓето ги напуштаат своите домови
Во Картум продолжуваат борбите меѓу суданската армија и припадниците на силите за брза реакција (специјални сили), јавуваат медиумите.
Според телевизијата „Хадат“, во некои делови на суданската престолнина продолжуваат конфликтите меѓу овие две структури. „Ал Арабија“ објави видео на кое наводно се гледа командната зграда на суданските копнени сили во пламен.
Суданските специјални сили се уште ја контролираат воената база во градот Меров, пренесува „Хадат“. Војската ја опколи базата, во близина се слушаат истрели.
Во меѓувреме, жителите на градот ги напуштаат своите домови поради страв од интензивирање на борбите. Суданската армија изврши воздушни напади и врз позициите на специјалните сили во градот Омдурман.
Како што јави „Скај Њуз Арабија“, силите за брза реакција го собориле армискиот авион. Од друга страна, „Ал Арабија“ пренесува дека армијата објавила дека ќе бидат потребни неколку дена за целосно да се поразат силите за брза реакција.
Во Судан на 15 април избувнаа судири меѓу армијата и силите за брза реакција (специјалци).
Страните меѓусебно се обвинуваат за нападите, при што војската тврди дека силите за брза реакција го нападнале нејзиниот штаб, а специјалните сили тврдат дека нивниот штаб во Картум бил нападнат „со сите видови тешко и лесно оружје“.
Интензитетот на конфликтот се зголеми по краткото затишје во средината на денот. Специјалците соопштија дека ја презеле контролата врз аеродромот Ел Фашер и две воздушни бази. Војската, исто така, извести за воздушни напади врз непријателски бази во областа Картум.
Во судирите ширум Судан, според здравствените власти во земјата, загинале 56 цивили, а 595 луѓе биле ранети.
Судирите го зафатија главниот град и најмалку 7 од 18-те судански држави. Абдула Хамдук, поранешниот премиер на републиката, рече дека мирното решение е „сè уште можно“, но дека земјата „се соочува со опасност од расцепување“.
56 civilians, scores of combatants killed as Sudan military rivals fight for power https://t.co/a5EFAqbPxT
— Citizen TV Kenya (@citizentvkenya) April 16, 2023
Varios aviones resultaron dañados, incluido un #Saudia #A330 en el Aeropuerto de #Khartoum, mientras las Fuerzas de Apoyo Rápido paramilitares de #Sudán toman el control del aeropuerto.#ULTIMAHORA #AirRescue #RescateAereo #AirCrash #AccidenteAereo #planecrash pic.twitter.com/B2kFkFFBhQ
— Rescate y Accidentes Aereos (@aeroaccidentes) April 16, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа