Американец починал од бактерија која „јаде“ месо: Инфекцијата била предизвикана од нечиста вода

 

 

Во Соединетите Американски Држави, маж почина од последиците на бактеријата која „јаде месо“ а се заразил кога стапнал на шипка додека бркал куче и се здобил со гребнатинка на раката.

Џеф Бова (41) почина во петокот откако му беше дијагностициран некротизирачки фасциитис, пишува „NBC News“.

Неговата мајка Сузан Интајр рече дека инфекцијата била предизвикана од навлегување вода во отворена рана. Сепак, бактеријата што „јаде месо“ не е потврдена како официјална причина за смртта.

Мајката на Џеф ги предупредила луѓето да се држат настрана од застојана вода, особено по дожд бидејќи таа е полна со бактерии, пренесува „Sky News“.

„Ако добиете расекотина и пределот почне да поцрвенува, веднаш одете на лекар, не чекајте“, рече таа.

Нејзиниот син, додава таа, не сакал да оди на лекар и се обидел сам да се лекува, но инфекцијата се влошила.

Тој доби навистина „одвратни плускавци“ и рече дека чувствува како киселина да му тече низ раката, рече таа.

Се обидел да ја излечи инфекцијата со антибиотска крема и завршил во болница. Почина два дена подоцна, раскажува таа.

Инфекцијата со ваква бактерија е ретка, но може да биде опасна по живот ако раната се зарази.

13.04.2023 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега