Трагедија во САД: Булдог нападна девојче и ѝ го изгриза лицето, мајката едвај ја спаси
Американски булдог нападнал четиригодишно девојче оставајќи го со 40 конци на лицето. Малата Луна-Ен Форсајт била прикована на земја од големо бело куче, кое мајката Ејми Хобсон (32) морала да го удри со тупаница за да го натера девојчето да ја остави на мира.
Кошмарот се случил во куќата на пријател во Нунејтон, Ворвикшир во четвртокот попладне. Малата Луна била однесена во болница со такси, откако полицајците рекле дека брзата помош ќе пристигне за неколку часа. Кога пристигнале, Луна итно била однесена на лекување. Лекарите ја санирале повредата, а девојчето добило 40 конци на лицето.
Хирурзите работеле два часа за да му помогнат на девојчето и ја предупредиле нејзината мајка дека ќе има трајни лузни.
Мајката рекла дека кучето било во соба на катот, но успеало да ја отвори вратата и се симнало.
„Кучето дојде до мене, а ќерка ми Луна го извикуваше името на кучето. Ја зграпчи по лицето и ја спушти на земја. Го клоцав кучето за да го симнам од неа и го кренав моето девојче од подот и веднаш повикав брза помош. Имаше многу крв. Луна беше мирна и храбра, јас бев во паника и плачев“, додаде таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа