Претседателката на Молдавија: Граѓаните не сакаат во НАТО

 

Мнозинството граѓани на Молдавија се против идејата земјата да се откаже од неутралноста и да влезе во НАТО, изјави денеска претседателката на Молдавија, Маја Санду.

„Народот треба тоа да го сака затоа што тоа подразбира промени на Уставот и тоа треба да се направи преку референдум. Меѓутоа, ако ги погледнеме анкетите на јавното мислење ќе видиме дека нема сериозна поддршка за идејата за напуштање на неутралноста“, изјави Маја Санду во интервју за телевизијата ПРО, пренесе ТАСС.

Анкетите покажуваат дека повеќе од 55 отсто од Молдавците силно се противат на членството на земјата во НАТО, додека 27 отсто ја поддржуваат иницијативата.

11.04.2023 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега