Нов аларм во Русија: Дрон падна на аеродромот во Белгород во близина на границата со Украина

 

 

Авион без екипаж се урна на аеродромот во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина, соопшти денеска претставник на службите за вонредни состојби.

„Дронот се урна во понеделникот попладне, оградата на аеродромот е малку оштетена“, изјави тој за „РИА новости“.

Според првичните информации, нема повредени.

Околностите на инцидентот ги истражуваат службите за итна помош.

Аеродромот Белгород е затворен од 24 февруари 2022 година како дел од режимот за ограничување на летовите во јужниот и централниот дел на Русија.

Украина постојано го гранатира регионот на Белгород, а целата територија на тој регион има висок степен на опасност од терористички закани, пишуваат медиумите во светот.

 
11.04.2023 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега