Климатски активисти во Швајцарија легнаа на автопат: „Владата да прогласи вонредна климатска состојба“

 

 

Активистите за климатски промени го запреа сообраќајот во Швајцарија кога го блокираа тунелот низ Алпите барајќи итна акција против глобалното затоплување.

Демонстрантите од групата Renew Switzerland легнаа на површината на автопатот околу северниот влез на тунелот Готард, објавија активистите.

Тунелот долг 17 километри е една од главните правци што ги поврзува северна Швајцарија со Италија. Полицијата отстрани седуммина демонстранти кои носеа транспарент со натпис „Обнова“.

„Ова е апел до нашите сограѓани. Заедно бараме швајцарската влада конечно да прогласи вонредна климатска состојба“, велат активистите.

Швајцарија се загрева двојно побрзо од глобалниот просек, а глечерите брзо се топат, наведува Ројтерс.

Владата планира да инвестира околу 4,1 милијарди евра во реновирање на згради, модернизација на транспортната инфраструктура и други мерки за преполовување на емисиите на стакленички гасови до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година.

Каруна Бабаџи, 19-годишна студентка, рече дека се плашела да учествува на протестот, но сметала дека мора.

„Го правам ова затоа што сум преплашена и бесна што мојата генерација е осудена на смрт“, рече таа.

Полицијата од швајцарскиот кантон Ури била повикана на местото на настанот и по 30 минути ги отстранила демонстрантите. Уапсени се членовите на групата на возраст од 19 до 60 години. Полицијата изјави за Ројтерс дека патот е исчистен и сообраќајот е обновен низ тунелот.

07.04.2023 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега