Нов судир Русија-Америка, овојпат поради притворен новинар осомничен за шпиунажа
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков денеска разговараше со американскиот амбасадор во Русија за случајот со притворениот новинар на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, кој е американски државјанин.
Државната новинска агенција „ТАСС“ јави дека Рјабков го повторил ставот на министерството дека прашањето за пристапот на САД до Гершкович ќе биде решено во согласност со „утврдената процедура“.
Потоа, од Белата куќа рекоа дека ова одбивање на конзуларен пристап не може да се оправда.
Гершкович е обвинет од руската безбедносна служба за шпионирање, што „WSJ“ жестоко го негира, а Вашингтон го нарекува смешно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа