Изградба на фекална канализација во Марино во општина Илинден

 

Во населеното место Марино започна со изградба на фекална канализација на два крака од улица “500“ , во вкупна должина од 250 метри. Новата канализациона линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димезија Ø 200 и со истата ќе бидат опфатени околу 20 домаќинства. Новоизградената фекална канализација на овие два крака од улица “500“ н.м. Марино ќе се поврзе на фекалната канализација од припадна површина ПП1 Марино.

Увид во работните активности направија градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” - Илинден, Ивица Трипуновски.

-Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден, истакна градоначалникот Георгиевски.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да работи на обезбедување на квалитетна комунална инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во локалната заедница.

05.04.2023 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега