Доналд и Меланија Трамп на работ на развод: Нивните патишта едвај се вкрстуваат, тврдат медиуми
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (76) се појави на суд во вторникот, откако беше официјално уапсен, а потоа беше обвинет по 34 точки за измама за наводно плаќање на ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс да молчи за нивната афера, и се изјасни за невин. Она што особено им падна во очи на странските медиуми е тоа што неговата сопруга Меланија не беше со него.
Трамп наводно ја изневерувал Меланија додека била бремена. Иако на почетокот извор близок до семејството рекол дека таа е со сопругот, наводно се испоставило дека сопружниците живеат сосема одвоени животи.
Извори за „Мирор“ велат дека Доналд и Меланија живеат одвоено, поради што се верува дека би можеле да се разведат. За сето ова придонесува и фактот што Меланија јавно не го поддржувала својот сопруг додека му се суди.
Трамп во понеделникот полета за Њујорк, додека неговата сопруга наводно не била во авионот со него. Наместо Меланија, на поранешниот американски претседател му се придружија голем број соработници во кампањата, меѓу кои и неговиот син Ерик, портпаролот на кампањата Стивен Ченг, долгогодишниот помошник за комуникации Џејсон Милер, поранешниот помошник во Белата куќа Ден Скевин и Борис Епштајн, кој беше во тимот адвокати кој го лансираше лажниот правен обид да ги поништи резултатите од 2020 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа