Индија ќе изврши прво тестирање на С-400
Индиското воздухопловство планира да го спроведе првото тестирање на својот противвоздушен ракетен систем С-400, кој го купи од Русија.
Портпаролот на индиското Министерство за одбрана изјави дека е планирано да се истрела една ракета со краток или среден дострел врз воздушна цел со брзо движење, пренесува „Индија Тудеј“.
Тој додаде дека индиските вооружени сили извршиле лансирање со С-400 за време на тестирањето на системот во Русија, но дека системот сè уште не бил тестиран во Индија. Русија и Индија го потпишаа договорот за набавка на С-400 во октомври 2018 година.
Индија плати 5,43 милијарди долари за пет системи С-400.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа