Трамп се изјасни за невин за сите 34 точки од обвинението
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сега се изјасни за невин во судот во Менхетен, каде по неговото формално апсење му се суди за 34 точки од обвинението, јави Скај Њуз.
Тој се изјасни за невин по сите 34 точки од кривичното дело за фалсификување деловни книги, јави британскиот медиум.
Во судницата имаат пристап само неколку медиуми и затоа се уште не се знаат сите детали за обвинението.
04.04.2023 - 21:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа