Судијата прифати: Притвор за двајца дилери на кокаин, а за третиот определен домашен притвор
Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје попладнево делумно го прифати предлогот на обвинителството и на двајца осомничени со Решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден му определи мерка куќен притвор, информираат надлежните.
За потсетување, претходно денеска известивме дека во текот на вчерашниот ден под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Единицата за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи спроведе акција на неколку локации во Скопје и Прилеп, при што се лишени од слобода четири лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна меѓународна истрага и формирани истражни тимови помеѓу Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјалното јавно обвинителство на Република Албанија и Одделот за организиран криминал на Република Албанија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа