Јаревски: Судскиот совет не функционира, време е за одговорност и оставки

 


„Најнапред зошто е потребата да имаме интерпелации, бидејќи станува збор за Судски совет и за тело во коешто неговите претставници, едноставно вака најпросто кажано не си ја вршат работата. Незадоволството од нивната работа е јасно изразено и добар дел е преточено во оние 2% доверба во правосудството“, прецизираше во своето излагање пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во вчерашното гостување во 24 анализа.

Јаревски говореше за изгласаните интерпелации наменети за петте членови на Судски совет и истакна дека ќе било крајно неодговорно доколку Владата не преземела мерки и чекори во таа насока. Тој истакна дека членовите на Судски совет доблесно е да се повлечат по изгласани интерпелации.

„Би биле крајно неодговорни и како мнозинство и како Влада доколку не се преземе ништо, доколку останеме во ситуација „како до сега“. Мора да се преземат некои мерки и чекори во таа насока, се разбира дека интерпелацијата е уставна категорија, тоа е алатка којашто треба да се искористи, да се укаже на незадоволството на оние што им ја дале довербата, бидејќи истиот тој законодавен дом им ја даде довербата на тие луѓе, беа назначени од тоа Собрание, треба да се отповикаат со цел ете да се даде простор за некои луѓе коишто ќе дадат повеќе резултати“, дециден е Јаревски.

Јаревски истакна дека очекува кај членовите на Судски совет да дојде до израз нивниот морален и етички аспект и дека едноставно ќе се решат да дадат оставки. Според него Судски совет како тело не функционира и додаде дека ако за нешто треба да постои консензус, тоа е дека ако некој згрешил треба и да одговара.

„Прво во однос на упадот и разрешувањето. Не станува збор за разрешување, доколку имаше можност за разрешување, веднаш ќе беше искористена. Зошто? Не е поради тоа што се тие луѓе таму, туку поради тоа што тоа тело не функционира. Да не се навраќаме сега и да не ги редиме сите скандали од нивното функционирање. Имаше многу непријатни случки каде што навистина дури и како опозиција тогашна не беше пријатно да бидеме сведоци. И конечно, ако нешто имаме консензус, тоа е дека ако некој згрешил треба да одговара“, заклучува Јаревски.

 

13.03.2025 - 10:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега