Столтенберг: Финска утре ѝ се приклучува на алијансата, Украина исто така ќе стане членка на НАТО

 

 

Финска утре и официјално ќе стане членка на НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател. Оваа вест на прес-конференција ја потврди генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Приклучувањето на Финска во НАТО утре ќе биде добар ден за финската безбедност, нордиската безбедност и за НАТО како целина. Исто така, добро е и за Шведска. Ставот на НАТО за кандидатурата на Украина останува непроменет – Украина ќе стане членка на алијансата“, рече Столтенберг.

„Сепак, сега главниот фокус е да се осигури дека Украина преовладува како суверена независна нација во Европа. Затоа, првиот и најитен чекор е сојузниците на Киев дополнително да ја зголемат воената и економската поддршка за Украина. НАТО исто така размислува како може да развие политички односи со Киев“, додаде тој.

„Исклучително е важно да покажеме дека вратите на НАТО се отворени, што ќе го направиме утре кога Финска ќе стане полноправна членка. Тоа ќе го покажеме кога процесот на пристапување на Шведска ќе биде финализиран, се надеваме дека во блиска иднина“, рече лидерот на НАТО.

03.04.2023 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега