Зеленски: Руското оружје во Белорусија укажува на неуспехот на состанокот Путин-Си

 

Неуспешна беше неодамнешната средба меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, на што укажува токму намерата на Русија да распореди нуклеарно оружје во Белорусија, смета украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски смета дека целта на ваквата одлука е, по неуспехот на неодамнешната средба меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, со распоредувањето нуклеарно оружје кај соседот да се покаже некаков кредибилитет, кој, како што оцени, Русија целосно го изгуби под водството на Путин, пренесува „Ал Џезира Балканс“.

Украинскиот претседател оцени дека Путин треба да покаже некаква „победа“, но дека тоа не може да го направи на бојното поле.

Затоа, додаде тој, најавата на Москва за распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија укажува и на целосно губење на кредибилитетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

-Мислам дека тој повеќе не одлучува какво оружје ќе има на негова територија, рече украинскиот претседател.

01.04.2023 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега