ФОТО: Нов хит во Ниш - би пробале ли бурек со банани и еурокрем?
Во пекарницата на Катарина Станковиќ и нејзиниот свршеник Никола Стефановиќ во Ниш, верувале или не се продава бурек со банани и еурокрем.
-Во пекарството нема многу што да се иновира, а конкуренцијата е огромна. Ни текна да почнеме да печеме ваков бурек, кој наместо со јогурт, одлично оди со чоколадно млеко, вели 25-годишната Катарина.
-Дури и конкуренцијата се распрашува како го правиме овој бурек. Во суштина се е исто, само има една мала тајна која не сакаме да ја откриеме. Не би ни пречело доколку и другите почнат да прават ваков бурек, па да споредиме чиј е подобар, вели Никола.
Нивна следна идеја е да направат бурек со шумско овошје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа