„Сè што можам да кажам е да се молиме“, Трамп за одлуката на Путин да распореди нуклеарно оружје во Белорусија
„Американците треба да се молат по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да распореди нуклеарно оружје во Белорусија“, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а пренесува „Њузвик“.
Еве одиме! Како што предвидов, сега си играме со големите работи. Ние ја предизвикавме оваа ситуација – еве што се случува кога неспособни луѓе ја водат вашата влада. Сè што можам да ви кажам во моментот: молете се“, рече Трамп.
На крајот на минатата недела Путин објави дека Москва и Минск се договориле за распоредување нуклеарно оружје. Според него, Русија веќе помогнала во опремувањето на белоруските авиони и на почетокот на април ќе почне со обука на екипажот, а до 1 јули ќе заврши изградбата на специјално складиште за тактичко нуклеарно оружје на територијата на сојузничката земја.
Во исто време, нагласи Путин, Русија, без да ги прекрши меѓународните обврски, ќе го направи истото тоа што САД го прават со децении со распоредување на своето тактичко нуклеарно оружје во Европа, пренесе РИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа