Русија помилува повеќе од 5.000 криминалци кои војувале за паравоената група Вагнер
Повеќе од 5.000 поранешни криминалци се помилувани откако ги отслужиле договорите со руската платеничка група „Вагнер“ која се бори против Украина, изјави денеска основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин.
Групата на Вагнер, првично составена од борбени ветерани на руските вооружени сили, презеде многу позначајна улога во војната во Украина, откако руската војска претрпе серија понижувачки порази минатата година, пишува Ројтерс.
Пригожин излезе од сенка и регрутира илјадници мажи од затвор, нудејќи им шанса за слобода во замена за служење во некои од најопасните битки во Украина.
„Во моментов, повеќе од 5.000 луѓе се ослободени со амнестија по завршувањето на нивните договори со Вагнер“, рече Пригожин, близок соработник на претседателот Владимир Путин, во аудио снимка објавена на апликацијата Телеграм.
Пригожин рече дека само 0,31% од оние кои биле помилувани по службата на Вагнер извршиле кривично дело и рече дека оваа бројка е 10-20 пати помала од стандардните индикатори.
Пригожин, кој понекогаш го нарекуваат „готвач на Путин“ поради неговиот обемен угостителски бизнис, е најмоќниот од групата сојузници на Путин кои раководат со приватни војски регрутирани од врвни воени офицери, поранешни шпиони и осуденици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа