Зеленски: Контраофанзивата доцни оти чекаме оружје и муниција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина сè уште не можат да започнат контраофанзива, која беше планирана за на пролет, нагласувајќи дека на Киев му требаат муниција и борбени авиони.
– Уште не можеме да почнеме, изјави Зеленски во интервју за јапонскиот весник „Џомури“ – пренесува Униан.
Тој призна дека ситуацијата на истокот на Украина е лоша, главно поради недостигот на муниција.
„Чекаме муниција од нашите партнери,“ рече Зеленски.
Според него, руските сили дневно користат три пати повеќе муниција отколку вооружените сили на Украина.
25.03.2023 - 13:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа