(ВИДЕО) Хаос во Франција: За време на протестите гореше Собранието во Бордо

 

Градското собрание во Бордо е запалено за време на француските протести вчера. А тие продолжуваат поради плановите за зголемување на старосната граница за пензионирање.

Повеќе од еден милион луѓе излегоа на улиците низ Франција вчера, од кои 119.000 во Париз.

Полицијата била принудена да употреби солзавец кон демонстрантите во главниот град, а 80 лица беа уапсени низ целата земја.

Демонстрациите протестираат против новите реформи во легислативата, со кои се зголемува старосната граница за пензионирање за две години, на 64 години.

Синдикатите повикаа на дополнителни протести за следниот вторник, што ќе се совпадне со државната посета на кралот Чарлс III на земјата. Тој ден кралот треба да биде во југозападниот град Бордо, каде пак беше предизвикан пожар во градското собрание. 

Пожарот го предизвикале досега непознати лица, ама бил брзо изгаснат од пожарникарите.

24.03.2023 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега