Полицијата е подготвена, поставени се барикади - се чека историско обвинение против Трамп

 

Полициски бариери пред кулата „Трамп“ и судот на Менхетен, повеќе полицајци и новинари отколку про-Трамп демонстранти. Њујорк сè уште го чека можното историско кривично обвинение против поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Трамп ја увери јавноста дека ќе биде уапсен во вторник во случајот со поткуп на порнографската актерка Сторми Даниелс. Но, денот заврши, а тоа не се случи. Некои американски медиуми шпекулираат дека големата порота – комисија од граѓани со широки истражни овластувања – би можела денеска да гласа за обвинението, но дека можеби ќе треба да почека до следната недела.

Окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, јавно не потврди какви било планови, а големите поротници работат тајно за да избегнат лажно сведочење или манипулирање на сведоците пред судењето, што го прави речиси невозможно да се следат нивните постапки.

Во најновата изјава од тимот на претседателската кампања на Доналд Трамп за 2024 година, на фотографијата се прикажани двајца полицајци на Њујоршката полиција (NYPD) како растовараат метална бариера од камион со порака: „Барикади се поставуваат околу Кривичниот суд на Менхетен додека нашата нација чека најава за тоа дали претседателот Доналд Трамп ќе биде обвинет и покрај фактот што тој не направил никаков прекршок“.

45-тиот претседател на САД (2017-2021) вели дека „ќе се врати во Белата куќа на 5 ноември 2024 година и ќе ја направи Америка повторно голема“. Во меѓувреме, тој мора да одговара на суд за исплата на 130.000 долари, непосредно пред неговата претседателска победа во ноември 2016 година, на порнографската актерка Сторми Даниелс, со која наводно имал афера.

22.03.2023 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега