Изложени мозаици по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

 

По повод 21 март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, денеска во просториите на Млади Хаб, Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ - Скопје, изложи мозаици кои беа изработени во неколку работилници од членовите на Здружението.

Мозаиците се изработени од парчиња од керамички плочки и од хартија во боја.

-Со оваа изложба уште еднаш сакаме да покажеме дека и овие лица може да се изразуваат преку уметноста и да се рушат стигмите за можностите на овие лица, посочуваат од „Трисомија 21“.

21.03.2023 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега