Цените во Грција продолжуваат да паѓаат

 

Цените во Грција во ноември продолжија да паѓаат и на годишно ниво се намалени за 2,9 отсто, покажуваат официјални податоци во Атина.

Долготрајниот пад на цените во најголем дел е резултат на драстичните мерки за штедење кои презадолжената Грција мораше да ги покрене во замена за меѓународна финансиска помош, која беше потребна за да се избегне банкрот.

Најголем пад на цените е евидентиран во областа на облеката и обувките, каде цените во просек паднаа за 11,5 отсто. Цените во секторите на образование и комуникации се намалија за 4,2 отсто.

Во март индексот на потрошувачки цени во Грција првпат опадна во последните 45 години, од мај 1968 година.

Во рамки на буџетот за 2014 година, што беше изгласан од Парламентот во Атина за време на викендот, Грција идната година очекува пад на цените од 0,5 отсто, во однос на падот од 1,7 отсто од тековната година.

10.12.2013 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега