Путин ги собра милијардерите првпат од почетокот на војната, тие го поздравија со овации

 

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика руските милијардери да инвестираат во нови технологии, производствени капацитети и бизниси за да ѝ помогнат на Русија да ги одврати обидите на Западот да ја уништи руската економија. Обраќајќи ѝ се на деловната елита првпат од почетокот на инвазијата на Украина, Путин рече дека нивната улога не е само да заработат пари, туку и да придонесуваат за општеството.

„Компаниите не треба да го кријат своето богатство во странство, туку да инвестираат повеќе дома“, рече Путин. Тој ја пофали ‘благородната мисија’ на претприемачите, кои се грижат за своите работници и го насочуваат нивниот талент не само кон остварување профит туку и за јавното добро.

Меѓу милијардерите, меѓу другите, беа и Олег Дерипаска, Владимир Потанин, Алексеј Мордашов, Герман Кан, Виктор Векселберг, Виктор Рашников, Андреј Мелниченко и Дмитриј Мазепин. Нивните бизниси се движат од банкарство до вештачки ѓубрива.

Тој беше пречекан со овации

Поздравен со аплауз, Путин им пренесе јасна порака на најбогатите Руси дека мора повеќе да размислуваат за потребите на земјата, а помалку за себе. Многу од руските тајкуни беа цел на западните санкции, но Путин истакнува дека обидите да се уништи руската економија се покажаа како неуспешни.

Тој исто така рече дека западните компании, кои останале во Русија и не побегнале во корпоративниот егзодус минатата година, донеле паметна одлука.

16.03.2023 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега