„Крид 3“ и без Сталоне веќе урива рекорди

 

Првичните оценки за новото продолжение на успешната спортска драма за Адонис Крид се исклучително позитивни, иако овој филм – „Крид 3“ (Creed III) без легендарниот „Роки“ т.е. без Силвестер Сталоне.

Средиштен лик во новите три дела на приказната е младиот Адонис глумен од Мајкл Б. Џордан, но и Сталоне играше прилично важна споредна улога во претходните два дела… Мајкл Б. Џордан, исто така, сега првпат ја презеде режисерската палка, сценариото е на Кинан Куглер и Зек Бејлин, а Сталоне е наведен само како еден од продуцентите.

Во „Крид 3“, името на Роки се спомнува неколкупати, но не се објаснува што му се случило. Во што е суштинскиот проблем? – Сценариото на крајот било многу мрачно и сега веќе наликува на трилер, а не на спортска драма. Сталоне никако не се согласил со тоа.

– Тоа е многу тажна состојба затоа што многу добро знам како можеше да испадне овој филм. Тие го однесоа во сосем поинаква насока отколку што јас би ја одредил. Филозофијата на Џордан и неговите сценаристи е сосем поинаква. Им посакувам сѐ најдобро, но јас сум сентиментално момче. Сакам моите херои во филмовите да се тепаат, но не сакам да бидат мрачни. Мислам дека на луѓето им е доста од мрачни нешта, изјави Сталоне еднаш.

 

09.03.2023 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега