Американскиот амбасадор во Белград: Србија да ја усогласи својата политика со ЕУ во врска со Русија
Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил денеска изјави дека речиси сите земји во светот зазеле став дека не смее да и се дозволи на Русија да продолжи да го прави тоа што го прави во Украина и дека се надева оти и Србија ќе им се придружи на тие земји.
Наведувајќи дека Србија е на пат кон Европската унија (ЕУ), Хил рече дека е неопходно Белград да ја усогласи својата политика со ЕУ.
Ако е неопходно да се проголта горчливо апче, подобро е да се направи тоа сега, рече Хил во изјавата за новинарите во Институтот за мајка и дете,пренесе Денес.рс.
09.03.2023 - 17:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа