Кијану Ривс откри кој познат предмет од „Матрикс“ го поседува

 

Кијану Ривс има многу убав спомен од Матрикс.

Канадскиот актер (58) откри дека поседува црвена пилула од сетот на филмот во 1999 година.

Прашан дали некогаш „украл нешто“ од некој од неговите филмски сетови, Ривс открива.

-Не сум… Имам часовник и венчален прстен од „Џон Вик“, меч од „47 Ронин“ и црвена пилула од „Матрикс“, одговорил актерот.

Една од најпознатите сцени од научно-фантастичниот акционен филм, е кога ликот на Лоренс Фишбурн, Морфеј, му нуди на ликот на Ривс, избор да земе црвена или сина пилула.

Црвената пилула, која Нео ја пие, му овозможува да ја види вистината, додека сината пилула би му овозможила да се врати во својата нормална реалност и да живее во мир.

08.03.2023 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега