Вил Смит лично не му се извинил на Крис Рок за оскаровската шлаканица
Крис Рок наводно никогаш не добил лично извинување од Вил Смит затоа што го нападна на „Оскарите“.
Комичарот (58) во саботата, конечно, јавно му возврати на актерот (54) од „Мажи во црно“ за минатогодишниот напад на сцената на „Оскарите“. Во емисијата Selective Outrage на „Нетфликс“ тој го исмеја Крис велејќи дека неговата сопруга Џеда имала сексуални односи со другар на нивниот син.
Но, извор близок до комичарот тврди дека геговите во шоуто во врска со неверството на сопругата на Вил можеле да се избегнат доколку посрамотениот актер се извинил за она што го стори.
Во разговор со „Мејл онлајн“ во вторникот инсајдерот рече: „Крис никогаш не доби приватно извинување во четири очи од Вил, само јавно или на социјалните мрежи, што навистина не значеше ништо.
„Крис сакаше еднаш засекогаш да заврши со тоа. Сето тоа беше многу катарзично за него“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа