Трамп: Републиканците се глупави и изроди
Доналд Трамп драматично го подигна влогот за изборите во 2024 година, предупредувајќи дека тој е единствениот кандидат кој може да ја спаси Америка од „воинствените“ демократи и „фанатиците и глупаците“ на мејнстрим Републиканската партија, објави АФП. На Конференцијата за политичка акција на конзервативците Трамп рече дека Американците се „во епска борба да ја спасат земјата од луѓе кои ја мразат и сакаат целосно да ја уништат“.
„Имавме Републиканска партија што ја водеа изроди, неокони, глобалисти, фанатици на отворени граници и морони“, рече тој, наведувајќи неколку традиционални партиски преставници. Американските гласачи, рече Трамп, се уморни од „вкоренетите политички династии во двете партии, од гнилите специјални интереси, од политичарите кои ја сакаат Кина“ и поддржувачите на „бескрајните странски војни“.
„Ќе имаме Трета светска војна ако нешто не се случи брзо“, предупреди тој потврдувајќи дека не ја одобрува американската помош за Украина.
„Јас сум единствениот кандидат кој може да го даде ова ветување: ќе ја спречам Третата светска војна“, рече Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа