Инспекторите на терен: Четири пекари ќе платат големи суми на пари, оти го продавале лебот повеќе од 33 денари

 

Државниот инспекторат и вечерва е на терен да проверува по која цена се продава лебот. Согласно информациите на Прес24, досега има казнето четири пекари. Од нив три се во Скопје, а една е во Куманово. Тие не ја почитувале одлуката на Владата, за тоа максималната цена на лебот да биде 33 денари, туку си го продавале по повисока цена.

Станува збор за мали и средни пекари. Големите производители на прехрамбени производи не се казнети.

Инаку, вечерва втор ден инспекторите се на терен и ги проверуваат состојбите.

02.03.2023 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа