Донесена е одлука: Ќе се снимаат нови филмови од серијалот „Господарот на прстените“
Ворнер Брос објави дека планира да создаде нови филмови од серијалот „Господар на прстените“.
Во текот на четвртиот квартал разговор за заработка со инвеститорите, извршниот директор на Warner Bros. Discovery, Давид Заслав изјавил дека Warner Bros. Pictures и New Line Cinema потпишале повеќегодишен договор со Embracer Group AB Middle-Earth Enterprises за создавање на нови филмови од светот на фантазијата создаден од англискиот писател Џ.Р.Р. Толкин.
„По нашето неодамнешно купување на Middle-earth Enterprises, воодушевени сме што ќе тргнеме на ова ново патување заедно со New Line Cinema и Warner Bros. Неспоредливиот свет на Џ.Р.Р. Толкин се враќа на големото платно на нови и возбудливи начини“, рече Ли Гиншард, извршен директор на Freemode на Embracer Group, пренесува Deadline.
Плановите на Ворнер Брос и Њу Лајн да се вратат во кинематографскиот универзум „Господарот на прстените“ доаѓаат во моментот кога Амазон моментално ја продуцира приквел серијата „Господарот на прстените: Прстените на моќта“, иако таа серија е ограничена на адаптација на мал дел од пишувањата на Толкин, пишува Дејли мејл.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа