Макрон ја повика Кина да помогне во притисокот врз Русија да постигне мир
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика Пекинг да помогне во притисокот врз Русија да ја „запре агресијата“ во Украина и да постигне мир.
Тој најави дека ќе замине во Кина на почетокот на април, при посетата на саемот за земјоделство, објави француската ТВ БФМ.
„Денес Кина мора да ни помогне да извршиме притисок врз Русија никогаш да не користи хемиско или нуклеарно оружје и да ја прекине оваа агресија“, посочи тој.
Францускиот претседател изјави дека мирот „е возможен само ако се запре руската агресија, се повлечат војниците и се почитува територијалниот суверенитет и украинскиот народ“.
„Фактот дека Кина се ангажира во мировните напори е апсолутно добар“, рече Макрон, еден ден откако Кина објави документ во кој повикува на мировни преговори и политичко решение,пренесе Телеграф.рс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа