Битиќи: Граѓаните не се соочија со недостиг на струја, шпекулациите и ги оставаме на опозицијата

 

Оваа година е се уште прилично тешка . Од аспект на тоа како се справува државата, би рекол дека сме на просечно ниво. Не сме таму каде што би сакале да бидеме, но не сме ниту меѓу земјите што го поминале најлошото, оцени вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Во емисијата „Интервју во Шења“, Битиќи рече дека и покрај сите шпекулации дека граѓаните ќе немаат струја во текот на 2022 година, дека ќе има рестрикции и дека струјата ќе биде повисока за 70 проценти, се случило спротивното.

- Како Влада престанавме да шпекулираме, опозицијата има право да шпекулира, нашите граѓани, нашите сограѓани имаат струја. Нашите граѓани ниту за момент не останаа без струја, освен мрежните проблеми кои може да настанат.  Поскапувањето според опозицијата требаше да биде 70-90 проценти, а поскапувањето беше во просек седум проценти, последниот пат го спуштивме за различни категории. Поставивме блок тарифи, ги заштитивме оние кои трошат и кои со тешкотии плаќаат струја, заштитивме 97 отсто од потрошувачите кои се наоѓаат во блок тарифи 1 и 3 при што не добија покачување на струјата, рече Битиќи.

Во однос на оние компании кои добија субвенционирана струја, а не ги намалија цените, Битиќи рече дека против нив ќе бидат преземени соодветни мерки.

- Сите што добија субвенции за струја од државата, по привилегирана цена, по последните пресметки гледаме колку ги намалија цените. Сите што не направиле такво нешто, подготвени сме не само да им ја прекинеме струјата, туку да видиме какви ќе бидат мерките, рече Битиќи.

23.02.2023 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа