Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се сретна со вишиот директор на НДИ во земјава Роберт Скот Хејзлет

 

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со Роберт Скот Хејзлет, виш директор на НДИ во земјава.

- На средбата присуствуваа и програмскиот директор Александра Цветковска, Александра Крстеска и Јасмина Кузмановска од НДИ Македонија. Во фокусот на разговорот беа проектите кои ги засегаат двете страни, и Општина Кисела Вода и НДИ, пред сѐ од областа на еднакви можности за економска самостојност на жените, максимална здравствена заштита на деца, жени и мажи, жртви на семејно насилство. Гостите се интересираа и за целите на градоначалникот како новоизбран лидер на ЗЕЛС , по што беа дефинирани следните чекори за отпочнување на нови проекти помеѓу локалните самоуправи и НДИ, се наведува во денешното соопштение на Општина Кисела Вода.

Скот Хејзлет ги презентирал нивните проекти од кои поголем дел се однесувале на државно ниво, „како и два многу важни за локалните самоуправи“.

- Се работи за унапредување на родовата еднаквост, која значи еднакви можности за мажите, жените и децата. Тоа подразбира и еднаква можност за економска самостојност на жените, максимална здравствена заштита со посебен акцент врз заштитата на деца, жени и мажи, жртви на семејно насилство. Морам да истакнам дека Кисела Вода е еден од лидерите во овој проект, што беше потенцирано и од страна на претставниците на НДИ, вели во пишана изјава градоначалникот.

Во фокусот на нивната понатамошна продлабочена соработка ќе било и унапредувањето на работата на општините.

- Таа ќе се одвива преку обуки во областите кои општините ќе ги таргетираат. На оваа срдечна средба, договоривме и ги прецизиравме нашите следни чекори за почнување на нови проекти помеѓу локалните самоуправи и НДИ. Нашата цел е силни и развиени општини и посветено работиме на тоа, вели Ѓорѓиевски.

16.02.2023 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега