Фејсбук достигна 2 милијади корисници ширум светот

 

Генералниот извршен директор на технолошката компанија Мета, Марк Зукерберг, вчера пред инвеститорите ги претстави резултатите за работењето на компанијата во последниот квартал на минатата година.

Според прикажаното, компанијата забележала вкупни приходи од 32,17 милијадри долари, што е помалку од 33,67 милијарди долари забележани во истиот период претходната година, но сепак повеќе од проценките на финансиските аналитичари. Како резултат на тоа, акциите на Мета пораснаа за речиси 20% до затворањето на берзата.

Кон новиот оптимизам за иднината на Мета сигурно придонесе и соопштувањето на новите бројки за бројот на активни дневни корисници: „Нашата заедница продолжува да расте и јас сум задоволен од силниот ангажман низ нашите апликации. Фејсбук штотуку го достигна нивото од 2 милијарди дневни активни корисници“ – посочи Зукерберг.

 

Иако поголемиот дел од минатата година Зукерберг ја посвети на ветувања за далечната иднина и развојот на метаверзумот, овој пат тој беше повеќе фокусиран на непосредните предизвици со кои се соочува компанијата, како на пример подобрување на алгоритмот за препорачување видео содржини на корисниците и секако – остварување на поголеми приходи од пласирањето на огласувачки пораки.

Според Зукерберг, новата 2023 година ќе биде „Година на ефикасност“. Tој вети дека компанијата ќе се стреми да биде помалку габаритна, поефикасна и поодлучна, со голема помош од вештачката интелигенција.

11.02.2023 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега