Ковачевски: 2023 е година на нови можности, ќе работиме на конкурентноста на домашните компании

 

Владата дава несебична поддршка на сите компании, без разлика дали се мали, средни или големи компании, кажа премиерот Димитар Ковачевски при посетата на фармацевтската компанија „Бионика фармацеутикалс“. Тој кажа дека помошта во ек на економска и енергетска криза им значи на компаниите и може секој да смета на оваа помош.

 

-Ги скративме непродуктивните трошоци и редовно ги сервисираме обврските кон граѓаните и стопанството. Во 2022 година имаме рекорден износ од 430 милиони евра од странските директни инвестиции. 2300 нови работни места се отворени во компаниите во ТИРЗ. Со Законот за финансиска поддршка на инвестиции обезбедивме 23 милиони евра кон 410 компании за 27 илјади работници, рече премиерот, додавајќи дека беше усвоен и пакет од над 760 милиони евра за антикризните мерки.

 

Тој додаде дека државата има највисока реализација на капиталните инвестиции од независноста досега.

 

-Работевме на одржливо стратешко домашно производство на храна и енергија. Сета оваа државна помош на компаниите им значи. Се бориме за секое работно место и за одржување на ликвидноста на компаниите, истакна Ковачевски.

 

Премиерот додаде дека ќе продолжи да се работи на зголемување на конкурентноста на домашните компании, за да работат со зголемени капацитети и зголемен квалитет на производствената линија.

 

-2023 е година на нови можности. Преку конкурентноста да застанеме рамо до рамо со комапниите од регионот и пошироко, заклучи премиерот.

09.02.2023 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега