Грција го усвои штедливиот буџет за 2014

 

Грчкиот парламент доцна синоќа го усвои рестриктивниот буџет за 2014 година, кој предвидува намалување на државните трошоци за 3,1 милијарда евра.

Владата на чело со Андонис Самарас ја доби поддршката на мнозинството пратеници во Парламентот за предложениот буџет, со кој е предвиден крај на рецесијата, која во земјата трае од 2008 година. Буџетот е усвоен со 153 гласа, а против биле 142 пратеника.

Буџетот предвидува економски раст од 0,6 отсто и дополнителен даночен приход од 2,1 милијарда евра.

Според Самарас, „буџетот на Грција за 2014 година ќе претставува вистинска револуција во економската сфера“.

08.12.2013 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега