ВИДЕО: Се скрши кран за дваесеткатниците кај „Холидеј ин”, парче летна до „Соравија”
Со силен тресок, попладнево се скршил еден од крановите со кои се градат дваесеткатниците на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин” во центарот на Скопје. Очевидци велат дека нема повредени.
„Метално парче големо колку палка се открши од кранот што работеше на делот од паркингот во близина на ГТЦ, летна и падна на тротоарот пред ТЦ „Соравија“.
„За среќа, на тоа место на тротоарот немаше никој иако во близина имаше минувачи”, изјави очевидец за медиумите.
Кусо по инцидентот, парчето беше кренато, а градежниците продолжија со работа и не сакаа да зборуваат за скршената машина.
Инцидентот ги распамети вработените во околните објекти кои го чуле тресокот.
МВР информира дека го проверуваат случајот и најавуваат информации за подоцна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа