АД ЕСМ ја исклучи ХЕЦ Св. Петка и го стави на минимум производството во ХЕЦ Козјак, со цел намалување на нивото на реката Вардар

 

По информацијата за покаченото ниво на реката Вардар, во координација со ЦУК, од страна на АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот Треска. Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната Козјак, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната Св. Петка е надвор од употреба, информираат од АД ЕСМ во соопштение испратено доцна вечерва до медиумите.

Не работи и хидроелектраната Матка која е во сопственост на ЕВН. Намалувањето на производството во дел од хидроелектраните на АД ЕСМ нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија, и истото ќе се дополни преку останатите производни капацитети.

Во текот на ноќта се очекува стабилизирање на дотоците, се додава во соопштението.

25.01.2023 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега