Германскиот министер за финансии: Повеќе не зависиме од руските енергетски извори
Германија повеќе не зависи од увозот на енергија од Русија, потврди германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер за Би-Би-Си.
Тој тврди дека неговата земја целосно ја диверзифицирала својата енергетска инфраструктура од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година.
„Да, се разбира, Германија сè уште зависи од увозот на енергија, но денес не од увозот од Русија, туку од глобалниот пазар“, рече Линднер, посочувајќи дека нашле нови извори за снабдување со енергија.
Германија порано увезуваше околу половина од својот гас од Русија.
На Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Линднер укажа на брзината со која е изграден новиот терминал за течен природен гас во Германија, за рекордни осум месеци. Посочува дека планираат дополнителни инвестиции во инфраструктурата. „Ова е само еден пример за огромна промена во германската политика“, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа