Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

 

 

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 19.1.2023 (четврток), по повод верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Така, во периодот од 8 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот празник Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата Филип Втори Македонски, на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до крстосницата со улицата 11 Октомври во двете насоки.

Во општина Ѓорче Петров од 8 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот Партизански одреди, до улицата Ѓорче Петров, како и улицата Ѓорче Петров до улицата Васил Чакаларов. Исто така, затворени за сообраќај ќе бидат сообраќајниците од црквата „Свети Пантелејмон“, улицата Козле, дел од улицата Васил Чакаларов до железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.
Од тие причини Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници на сообраќајницата на која ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

18.01.2023 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега