Лула да Силва денеска отпушти уште 13 воени офицери

 

 

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва денеска отпушти уште 13 воени офицери доделени во канцеларијата на советникот за национална безбедност, кој е одговорен за безбедноста на претседателот.

Одлуката уследи по вчерашното отпуштање на 40 воени офицери од претседателската резиденција Алворада, бидејќи Лула да Силва изрази неверување во војската што не реагирала навреме кога приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро упаднаа во владините згради на 8 јануари, пренесува Ројтерс.

Лула да Силва праша како може да му верува на воениот персонал по она што се случи.

Бразилскиот претседател претходно изјави дека се сомнева дека луѓето во вооружените сили биле некако поврзани со бунтот, при што неколку илјади приврзаници на Болсонаро упаднаа и ја ограбија зградата на Конгресот, претседателските канцеларии на Планалто и Врховниот суд.

Демонстрантите потоа протестираа против наводната изборна кражба, за која тврдат дека го предизвикала Болсонаро да загуби на изборите во октомври, и повикаа на воен удар за соборување на актуелниот бразилски претседател.

18.01.2023 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега