ФОТО: Зошто плаќаме патарина кога кози ни шетаат по автопат?
Група кози била забелажана на автопатот Скопје - Тетово. Па поради тоа се пожали една корисничка на социјалната мрежа Твитер.
- Дечки,ви ги претставувам д’козички од автопатот „Мајка Тереза“ или попознат како Скопје-Тетово. Слободно и безбедно си се шеткаат и пасат по трета лента. Овој луксуз чини 40 денари патарина плус 2.300 денари за улици и патишта при секоја регистрација на вашето возило, се вели во објавата на Твитер.
Дечки,ви ги претставувам д’козички од автопатот мајка тереза или попознат како ск-те.Слободно и безбедно си се шеткаат и пасат по 3та лента.Овој ликсуз кошта 40ден патарина+2300ден за улици и патишта при секоја рег на вашето возило..ФМП pic.twitter.com/Tel61aBMay
— Росана (@neskafeNA) January 13, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа