Арсовска: Никој нема да биде толериран, здравјето не смее да зависи од профитот на неколкумина

 

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешната прес-конференција изјави дека во изминатиот период се спроведени мерења на амбиенталниот воздух во фабриката Цементарница ТИТАН УСЈЕ и дека се утврдени големи концентрации на штетни честички кои го загадуваат воздухот. Таа рече дека преземала иницијатива за да се покрена кривична постапка.

– Повеќе нема никој да биде толериран. Здравјето на сите нас којшто живееме тука не смее да зависи од профитот на неколкумина. Се работи за Цементарница УСЈЕ од каде при извршените мерења на амбиенталниот воздух во фабриката се забележани големи концентрации на штетни честички кои значително придонесуваат кон нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух на целокупното подрачје на градот Скопје, истакна Арсовска.

12.01.2023 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега