Хрвати уапсени во Замбија за трговија со деца од Конго

 

 

Осуммина хрватски државјани во декември минатата година биле фатени во Замбија за трговија со деца од Конго.

Тие утрово беа изведени на првото судско рочиште пред замбиски судија во малото гратче Ндоли, недалеку од границата со Конго, на кое беше најавено дека со нив набљудувач ќе биде и службеник на хрватската амбасада.

Сите изјавија дека не се чувствуваат виновни. На крајот од рочиштето бранителот побара ослободување со кауција за што ќе се одлучува в четврток.

На првото судско рочиште уапсените ќе се изјаснуваат за вината на делото. Доколку се изјаснат за невини, ќе има истрага за собирање докази, што може да потрае со месеци пред да се подигне обвинението.

На рочиштето одбраната на уапсените Хрвати ќе има право да предложи укинување на притворот, но тешко дека судот би прифатил такво барање поради ризик од бегство, па пореално е да се очекува дека Хрватите ќе останат во замбиски притвор.

Вчера, стигна информација дека во бегство е директорот на домот во ДР Конго, од каде што се сите деца. Нема потврда дали тој ги однел децата од Конго во Замбија, но се потврдува дека не е достапен за полицијата и тамошното правосудство, а бегството на клучно лице во домот на Конго дополнително ја усложнува положбата на уапсените Хрвати.

10.01.2023 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега