Стано: Одлуката на Република Српска да му додели медал на Путин е за жалење
Европската Унија остро ја осуди одлуката на Република Српска да му додели орден на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Комисијата, Петер Стано.
„Целиот свет знае кој е Владимир Путин, а Европската Унија ја осудува одлуката на Република Српска да му додели орден. Путин е директно одговорен за наредбите за убивање украински цивили и уништување на украинската цивилна инфраструктура“, рече Стано на прес-конференција.
„Застанувањето на страната на Путин во такви околности значи меѓународно изолирање на Република Српска и нејзините лидери. Во Европската Унија нема место за доделување награди на политичари што наредуваат уништување на соседна земја и убивање на нејзините граѓани, а тоа мора да им биде јасно на сите. Оваа одлука е за жалење и погрешна“, додаде Стано.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа