ВИДЕО на неделата: Водителот ѝ ги собра парите на ќерката од Коледе, а таа почна да плаче
Видеото кое дефинитивно ќе Ве насмее и ќе Ви го подобри расположението е објавено од познатата пејачка Сара Мејс.
Имено, нејзината ќерка традиционално со нејзините другарчиња во текот на вчерашниот ден оделе по куќи и пееле коледарски песни. За возврат, по обичај, луѓето даваат пари, овошје, бомбони и други работи на коледарчињата. .
Но, кога си дошле дома, познатиот водител, сопругот на Сара Мејс, Димитар Атанасовски, прво ги изброја собраните пари на ќерка си, вкупно 320 денари. Нејзе ѝ подаде 30, 40 денари, а другите стана и си ги зема за себе. Ќерќичката наседна на шегата на нејзиниот татко, па почна да плаче.
Водителот Атанасовски веднаш се врати и, ѝ ги подаде сите нејзини собрани пари, па ѝ кажа дека се шегува. Пејачката со прекрасен глас успеала да ја сними на камера целата оваа шега, па видете сами како тоа изгледа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа